Постои впечаток дека меѓу Алијанса и Беса имаше добра соработка, а сега како да не е така . . . На пример пред две недели, Алијанса свика брифинг со новинарите и вие имавте прес конференција истовремено?
„Тоа е случајност, партиите имаат целосна автономија за дејствување, градат свои ставови и политики, имаат своја агенда и не гледам нешто конфликтно што на исти ден две политички субјекти имале прес. Тоа е само агенда, и повторувам овие два политички субјекти имаат своја агенда, програма, функционираат како два независни политички субјекти со целосна автономија на функционирање и делување и тоа подразбира дека е доволно добар предуслов за нашето комуницирање во Собрание, посебно меѓу пратениците на Алијанса за Албанците и Движење Беса кое е на многу добро ниво“, вели Зендели.