Во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а попладне од јужен правец.
Во понеделник попладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.
Во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Се очекува пообилни да бидат во западните делови. Температурите во следните денови ќе бидат повисоки, освен во вторник кога ќе дува засилен северен ветер.