Двајцата осомничени во случајот „Империја“, Орце Камчев и Цветан Панделески, од затвор ќе одат во домашен притвор. Одлуката ја донесе Апелациониот суд, на препорака од Специјалното јавно обвинителство.
Ваков предлог СЈО даде и за другите четворица осомничени, но Судот за нив сѐ уште нема донесено одлука. Во случајот „Империја“, обвинет е и Сашо Мијалков, чиј адвокат се надева дека и нему ќе му биде укината мерката притвор.
За поблага мерка, Мијалков даде гаранција од еден милион евра, но гаранцијата се дава за осомничениот да се брани од слобода, а не да премине во домашен притвор, вели адвокатот Шврговски. Тој чека позитивно мислење, додавајќи дека домот би бил поудобно место за него, отколку затворот Шутка.
СЈО исто така побара домашен притвор и за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, како обвинети во случајот „Титаник“, за кои повеќе од еден месец има сомнеж дека ќе избегаат како и нивниот шеф Никола Груевски.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ
