Камерите и фотоапаратите завршија на земја пред Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Министерот за Економија Крешник Бектеши во знак на револт, бидејќи неколкупати досега новинарите и снимателите се дискредитирани, јавува репортерот на ТВ21.
Наспроти тоа, снимателите од државните институции се привилегирани и имаат пристап до секоја точка на секој настан.
Во меѓувреме извинување испратија од Министерството за транспорт и врски во кое велат ова денеска било ненамерна грешка.
Потсетуваме дека денешниот скандал е само еден од неколкуте во изминатите месеци, кога новинарите и снимателите се оставаат на стотици метри на пистата на аеродромот, додека пак владините сниматели на социјални мрежи имаат пристап до авионот и делегацијата.
Со заедничко соопштение и реакција се јавија и од Здружението на новинари на Македонија и Синдикатот на новинари.