Кара: Турција е разочарана од Северна Македонија, ќе продолжиме со операцијата врз Сирија

Турција има намера да продолжи со операцијата во Сирија „Извор на мирот“ и таа има за цел да ја ослободи територијата од терористите и да се овозможи враќање на мигрантите во нивната земја. Ова го истакна турската амбасадорка во Скопје Тулин Еркал Кара која нападите врз Сирија ги оцени дека се водат според меѓународното право. Иако Европската Унија, но и САД ги осудија нападите, таа рече дека очекува поддршка од меѓународната заедница. Зарем ќе биде подобро за земјите членки на ЕУ да ги отвориме вратите и тие мигранти да се упатат кон тие земји, рече турската амбасадорка. Таа информираше дека досега се убиени или ранети 637 припадници на Курдската работничка партија ПКК, а дека врз Турција биле извршени 652 напади во кои загинале 20 цивили.

Истакна дека ја разбираат нашата земја за очекувањата за добивање датум за преговори, но  дека жали што Северна Македонија не ја поддржала Турција во нејзината операција во Сирија.

„Северна Македонија е земја која ја сметаме за братска пријателска земја која секогаш сме ја поддржувале и која секогаш била меѓу нашите главни приоритети но за жал во ситуацијава можам да кажам дека државните претставници на Северна Македонија прво ги очекуваа изјавите од претставниците на ЕУ и нивните изјави беа на таа паралела“, рече Кара.

За оваа тема и членовите на Комитетот за надворешни прашања на Европа во понеделникот му поставуваа прашање на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во врска со тоа какво влијание може да има Турција врз нашата земја бидејќи односите ни се блиски.

„Ова го следиме со огромно внимание бидејќи во 2015 – 2016 нашата граница беше надворешна европска граница за балканската рута со емигранти, затоа тука е и опасноста да се каже нешто без консултација со Премиерот и Претседателот, мислам дека ќе бидеме подготвени да ја потврдиме изјавата на Европа за последните дејствија.“, рече Димитров.

За можно зголемено влијание на Турција во Македонија, но и Кина и Русија предупреди и премиерот Заев во Виена. Како што изјави тој, доколку нема датум за старт на преговорите овие земји ќе се обидат да го зголемат нивното присуство и влијание и преку Западен Балкан ќе сакаат да продрат до Европа, со цел да бидат помоќни и да ги контролираат процесите.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното