Над 20 директори за човечки ресурси од различни IT компании, Телекомуникации, Фармацевтската индустрија, Агенциите за вработување како и други менаџери, вчера успешно ја завршија специјалната обука предводена од ФЕЈСБУК специјалистот со долго годишно искуство во областа на регрутирањето и изнаоѓањето на таленти, г-ѓа Мауд Дуранд.
Мауд Дуранд, од 2009-та година, има работено за добро познатата мрежа LinkedIn, во која имаше можност да помага во создавањето и спроведувањето на новиот модел за регрутирање наречено “Scalable sourcing model”.
Сега, таа доаѓа од FACEBOOK, каде што работи како еден од најстратешките менаџери во HR светот и го управува процесот на регрутирање на топ-таленти на глобално ниво. Ова е посебна можност за сите тие што сакаат да ги подобрат техниките за регрутирање на млади таленти како и лично усовршување на оваа област. Мауд Дуранд, како светски познат експерт, истотака е позната и како успешен „ловец„ на млади таленти од областа на IT.
Овој настан беше организиран од страна на KARIERA.MK со поддршка на глобалната Агенција The PWorld.
KARIERA.mk е најразвиената мрежа во Македонија која ги поврзува компаниите и кандидатите за вработување. Во моментов, оваа услуга ја користат повеќе од 2.250 компании во Македонија и се регистрирани над 70.000 лица кои бараат работа. Во изминатите 2 години KARIERA.mk им помогна на компаниите со над 12.000 огласи за работа.
Директорот на KARIERA.mk, г-дин Норик Селими вели дека “Со оваа обука ние отвараме ново поле во нашата компанија и во наредниот период ќе донесеме менаџери за човечки ресурси од многу светски компании и експерти од областа. Целта на овие обуки е да се донесе иновација во нашиот пазар и да им ги овозможиме на домашните компании најсовремените искуства во светот на човечките ресурси„
