Касами: Ќе се зголеми мнозинството во Собранието

Касами вечерва во интервју за ТВ21 во емисијата „Click Plus“ рече дека Собраниското мнозинство во иднина ќе се зголеми и нема да биде тенко како моментално

Се вчитува...

„Со други пратеници во иднина ќе се зголеми парламентарното мнозинство во Собранието и за прв пат по долги години ќе имаме Влада која ќе го реализира својот четири годишен мандат, имаме многу работа и многу проекти кои се во интерес на граѓаните“, потенцираше Касами.

Со договорот за коалицирање меѓу лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, парламентарното мнозинство брои 62 пратеници.

.

Извор: ТВ21