Откако во јавноста денеска се појавија информации дека движењето Беса ја напушта коалицијата со СДСМ, лидерот Касами вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 рече дека тие никогаш не бил дел од СДСМ.
„Беса никогаш не била дел од СДСМ, туку ние сме дел од коалицијата „Можеме“, рече Касами.
Само месец и половина по конституирањето на Собранието и една недела откако беа формирани пратеничките групи, БЕСА реши дека во иднина во парламентот ќе делува самостојно. БЕСА има четворица пратеници кои ги доби од заедничките листи со СДСМ. Костадин Костадинов, за ТВ21 рече дека ваквата одлука ја донесе заеднички.
„Одлуката нашиот коалиционен партнер БЕСА да делува самостојно во рамки на парламентот е заедничка, заради поефикасно и подобро функционирање на мнозинството.“, вели Костадинов.
Во дописот кој го доставиле до претседателот на Собранието Талат Џафери се потпишани четворицата пратеници Биљал Касами, Кастриот Реџепи, Фадиљ Зендели и Бастри Бајрами, во кој се наведува дека ќе делуваат независно, но Кастриот Реџепи кој ќе ги координира пратениците од оваа партија вели дека тоа не значи напуштање на коалицијата.
„Ова не е напуштање на коалицијата, туку да се организираме подобро и да работиме поефикасно како БЕСА во парламентот. Немаме никакви проблеми со коалицијата Можеме и оваа одлука да бидеме надвор од неа не значи дека нема да даваме поддршка на законите кои ќе ги иницира власта. Одвојувањето ни е важно да бидеме поблиску до гласачкото тело.“, вели Кастриот Реџепи.
За да се формира пратеничка група според Деловникот потребни се најмалку пет пратеници, со што БЕСА нема да не може и формално да поднесе барање за пратеничка група.
.
