Лидерот на Беса, Биљал Касами во вечерашното издание од дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, рече дека по долги години во земјава конечно ќе има Влада чии мандат ќе биде четири години, односно нема да има предвремени парламентарни избори.
Се вчитува...
„За прв пат по долги години ќе имаме Влада со четири годишен мандат, затоа што имаме многу работа и проекти во интерес на граѓаните“, рече Касами во интервју за ТВ21.
Во Северна Македонија изборите кои се одржаа оваа година беа петти по ред кои се предвремени парламентарни, што знали дека ниту една од претходните пет влади својот мандат не го реализирала до крај.
.
