Свет

Катастрофален пожар во Шпанија: Најмалку 11 загинати, илјадници евакуирани

Катастрофален пожар во Шпанија: Најмалку 11 загинати, илјадници евакуирани

Најмалку 11 лица загинаа во шумскиот пожар што во четвртокот избувна во општината Лос Галардос, во провинцијата Алмерија, во јужниот дел на шпанската автономна заедница Андалузија, јави РТВЕ.

Според податоците на службите за итни случаи во Андалузија, жртвите биле пронајдени во населено место во соседната општина Бедар, а некои од нив биле затекнати во возила кои биле зафатени од огнот.

Најмалку 11 загинати

Антонио Санс, вршител на должноста министер за здравство, претседателство и итни ситуации на Андалузија, го опиша настанот како пожар со најтешки последици досега во овој регион и го нарече незапаметена трагедија.

Властите во Андалузија привремено го коригираа бројот на загинати од 12 на 11, додека продолжува процесот на идентификација на жртвите.

Поради понатамошното ширење на пожарот, властите го подигнаа степенот на реакција при шумски пожари на ниво на вонредна состојба, а шпанската Воена единица за итни ситуации (UME) распореди 150 припадници како засилување на пожарникарските екипи.

Пожарот и густиот чад ги принудија властите да затворат и две главни сообраќајници во оваа провинција.

Втор пожар во Малага

Во меѓувреме, околу 1.000 лица биле превентивно евакуирани поради втор шумски пожар што во четвртокот попладне избувнал во јужната провинција Малага.

Пожарот сè уште е активен, а речиси 180 припадници на службите продолжуваат со активности за негово ставање под контрола.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни