Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го форматирала својот втор мобилен телефон кој рече дека е изгубен, а подоцна беше пронајден, објави Канал 5.
Од обвинителството денеска за ТВ21 потврдија дека е завршено вештачењето на мобилниот телефон, а обвинителката Рускоска за Канал 5 телевизија потврдила дека во телефонот на Јанева не било пронајдено ништо бидејќи бил фпрматиран и сменета корисничката сметка.
Првично, Катица Јанева рекла дека мобилниот телефон го изгубил нејзиниот син во Белград, а подоцна Јавното обвинителство со налог преку МВР го пронајде кај сестрата на девојката на синот на Катица Јанева, Лазар Јанев кој беше вработен во 1ТВ.