Македонија

„Катица Јанева ги уби надежите за правда“ – „Конечно работите се придвижуваат во позитивна насока“, вели Фетаи

Притворот, како оној на Катица е показател дека правдата во Македонија е на вистински пат, тврди обвинителката Фатиме Фетаи, коментирајќи го притворот кој синоќа ѝ беше изречен на нејзината шефица. Според неа, можното кривично дело на Јанева не смее да се искористи како оправдување за да се заборави целиот криминал направен последните години во Македонија.

Адвокатот на Јанева, Стеван Павлевски, вели дека не очекувал Јанева да биде испратена во притвор и дека е само жртва во случајот „Рекет“.

Делата за кои е осомничена Катица Јанева ја закопаа перспективата на СЈО, а истовремено ја убија и надежта на граѓаните за правда во Македонија, вели правниот експерт, Насер Зибери.

Доколку има индикции за вмешаност на други лица, истрагата треба да биде проширена уште повеќе, додава Зибери. Сега за сега нема доволно докази за ова, изјави синоќа шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Рускоска, оставајќи ја отворена можност истрагата да стигне и до политичари и други лица во СЈО, кои би можеле да бидат вмешани со аферата „Рекет“.

30-дневниот притвор за Јанева беше неопходен поради собраните докази за нејзина вмешаност во „Рекет“, рече Рускоска, додавајќи дека истрагата против една колешка бил најтешкиот случај во нејзината кариера.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни