Македонија

Катица Јанева стигна во Обвинителството да врши увид во доказите за „Рекет“ (ФОТО)

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, пристигна во Обвинителството каде што денеска ќе врши увид во доказите за случајот „Рекет“.

Јанева пристигна со полициска придружба од затворот Шутка, каде што одлежува притвор како третоосомничена во овој случај.

Вчера увид во доказите вршеше Бојан Јовановски – Боки 13, првоосомничен во случајот.

Се очекува по увидот изјава да дадат нејзините адвокати.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни