Катица Јанева во куќен притвор – со капа и покриено лице спроведена во станот на синот

Со качулка на главата и марама на рацете на кои имаше лисици Катица Јанева по одлуката на Апелација беше спроведена во куќен пртивор.

Не одговори на ниту едно од многу поставени новинарски прашања за тоа каква е нејзината здравствена состојба, дали се чувствува виновна и дали е задоволна од одлуката на судот.

При напуштањето на возилото само кратко им порача на полициските службеници: „Држете ме за двете раце“.

Таа во следниот период ќе биде во станот на нејзиниот син откако Апелација донесе одлука во нејзина корист.

По оваа одлука обвинителката Вилма Рускоска во изјава за порталот А1он вели дека ќе покрене финансиска истрага за тројцата судиите кои ја донеле ваква одлука.

Реагираа и од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека одлуката за куќен притвор на Јанева да не беше  трагична ќе беше комична.

Катица Јанева е во притвор од 21 август кога Рускоска првично ја третоосомниче во случајот „Рекет“. Во куќен притвор се наоѓа и Зоран Милевски – Кичеец, а во Шутка останува само Бојан Јовановски кој е првоосомничен во овој случај.

Освен куќен притвор, за Катица Јанева определени се мерки на претпазливост, односно од судот велат дека и е одземен пасошот за да не може да ја напушти државата.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното