Македонија

„Кавга“ меѓу ДУИ и АА – кому припаѓаат испразнетите места на Весел Мемеди?

Комисија за прашања на избори и именувања ги скара ДУИ и Алијанса за Албанците, во врска со испразнетите места во комисиите по оставката на пратеникот Весел Мемеди. Може да се изгуби парламентарното мнозинство во комисиите, а од ДУИ бараат тие места да ги пополнат нивните пратеници.

На местото на пратеникот Весел Мемеди е Арта Точи од Алијанса за Албанците. Пратеникот од АА, Сирија Рушити истакна дека Мемеди функцијата пратеник ја добил како пратеник на Алијанса за Албанците.

Фадил Зендели од Движење Беса вели дека според процентите многу лесно може да се констатира кому ќе му припаднат испразнетите места на Мемеди.

Инаку Весел Мемеди даде оставка откако „чистката“ на Заев го опфати и Сухејл Фазлиу кој раководеше со Министерството за локална самоуправа.

РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни