Македонија

Ќе биде и официјален јазик на ЕУ – Предан: Македонскиот јазик е признаен од 26 земји членки

Ќе биде и официјален јазик на ЕУ – Предан: Македонскиот јазик е признаен од 26 земји членки

Македонскиот јазик е признаен од 26 земји членки на Европската Унија, што значи дека ќе биде и официјален јазик на ЕУ.

Секако, една земја членка секогаш има право со некои еднострани изјави да искаже некои свои резерви, но тоа сигурно нема да има никакво влијание на статусот на македонскиот јазик во ЕУ, изјави денеска во Скопје амбасадорот на Република Словенија, Милан Предан.

„И Словенија мораше на барање на еден од соседите да го промени Уставот. Доста слична ситуација во тој поглед и ние тогаш едноставно проценивме дека целта, да се влезе во ЕУ е поважна од тоа. Така што, тоа не е ништо ново. Сите што преговарале со ЕУ биле во ситуација да имаат некои пречки во тој процес, но она што е најважно е дека македонскиот воз кон ЕУ конечно тргна или ќе тргне“, вели Милан Предан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни