Првиот човек на ВМРО-ДПМЕ Христијан Мицкоски средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети не сакаше да отркие каков е ставот на ДУИ за предвремени парламентарни избори. Рече дека неговиот став и ставот на неговата партија е потребен е комплетен рестарт на системот.
-Имајќи предвид дека ете, како ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период можеби бевме и предмет на критика од страна на јавноста бидејќи бевме некако молчаливи во изминатиот период, и не бевме толку присутни во јавноста, само со една цел. Свесни дека ќе има критики од јавноста, но само една цел – еве ние да не бидеме причината за да си најде некој изговор дека ВМРО-ДПМНЕ е тој којшто е виновен зошто не добиваме датум за почеток на преговорите. Но сега кога е и повеќе од јасно дека поминува и декември месец, се бараат и нови шест месеци за преговори, дека едноставно последниот адут којшто имаше оваа Влада заминува во неповрат. Имајќи ја предвид состојбата во општеството, криминалот и корупцијата, нефункционалните институции, недисциплината, лошата економската состојба, кризната енергетска состојба и многу други фактори коишто негативно влијаат, мојот став е дека само со сериозен ресет на системот, многу макотрпна работа, нови луѓе, можеме да излезе од оваа кризна состојба во којашто се наоѓаме. А за тоа се потребни предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.
Според Мицкоски, на средбата не се разговарало за техничката Влада според Законот треба да се формира во последните 100 дена од Владата.