Ќе има ли реконструкција на Владата? Груби: Наскоро ќе има освежување

Наскоро ќе има освежување во владината коалиција, најави организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби, во синоќешниот дебатен магазин „Клик Плус“.

„Верувам дека наскоро ќе има, не реконструкција, туку освежување на Владата на Македонија“, рече Груби.
Н: Ќе менувате имиња, ќе менувате министри?
„Поради внатрешните случувања кај некои од коалициските партнери, помалите коалициски партнери на Социјалдемократскиот сојуз, можат да се случат промени во ресорите со кои управуваат во рамките на Владата на Македонија. Значи за ова освежување зборувам“, додаде Груби.

Се вчитува...

Исто како Артан Груби, така и премиерот Зоран Заев, пред неколку недели изјави дека не е задоволен од работата на неколку владини министри. Вели дека не може да биде задоволен од некого кој понекогаш доаѓа, а понекогаш не на работа, мислејќи на вицепремиерот Хазби Лика. Во однос на коментарите на Заев, Груби рече дека Лика има голема важност во ДУИ и додаде дека ја вршел неговата работа како треба. Никој не може да биде отпуштен од работа, без претходно за тоа да биде разговарано меѓу коалициските партнери, додава Лика.

„За разрешувања треба да се разговара меѓу страните, доколку има незадоволство“, рече Груби.
Н: Значи без да разговарате меѓу себе не може никој да биде отпуштен од работа?
„Сметам дека ваквите чекори треба претходно да се дискутираат, бидејќи ние сме партнери, градиме коалиција, доверба и консензуална политика“.

ТВ21 денеска неколкупати се обиде да стапи во контакт со премиерот Заев, но не добивме одговор. Инаку, Заев неодамна изјави дека сега е време кога самите политички партии почнале да реагираат во врска со нивните министри, како што рече, за доброто на важните процеси кои се случуваат во Македонија.

Репортер: Арменд Гаши

Извор: ТВ21