Познатата поп пејачка Бритни Спирс во моментов е на летен одмор со својот свршеник Сем Асгари.
Тие уживаат на хавајскиот остров Мауи.
Како што пишуваат странските медиуми, Бритни не само што избегала од папараците пред следното рочиште во „битката за независност“ од нејзиниот татко, туку и ја испланирала својата венчавка на ова „магично место“.
Таа се надева дека конечно ќе го исполни својот сон да се омажи за љубовта на нејзиниот живот.
„Бритни е навистина оптимист за иднината. И сега, кога ја враќа контролата над својот живот, нејзината венчавка од соништата ќе се одржи на Хаваи, во хотелот ’Монтаж капалуа бич‘ на Мауи. Ова е омилениот хотел на Бритни. Таа и Сем го сметаат за многу романтично место“, изјави неименуван пријател на двојката за весникот „Ин тач викли“.
