Десетици илјади Срби во саботата вечерта излегоа на улиците во неколку поголеми градови. Антивладините протести се одржуваат по седми пат по двете масовни престрелки на почетокот на мај, јавува Ројтерс.
Во главниот град Белград, демонстрантите ја блокираа главната улица барајќи владата да ја преземе одговорноста за поттикнувањето на насилството за кое тие велат дека доведоа до смрт на 18 луѓе на 3 и 4 мај.
Потсетуваме дека Србија минатиот месец ја потресоа два невидени инциденти кои се случија последователни денови. Тинејџер на 3 мај уби десет лица во основно училиште, а на 4 мај 21-годишен маж застрела осуммина во град во близина на Белград.
Демонстрантите бараат оставка од министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, како и од шефот на тајните служби Александар Вулин. Тие бараат и одземање на националните лиценци на ТВ Пинк и ТВ Хепи бидејќи велат дека промовираат насилство. Тие инсистираат и на затворање на неколку таблоиди со исти мотиви.
Премиерката Ана Брнабиќ минатата недела изјави дека е подготвена да поднесе оставка и ги покани на состанок опозициските партии кои ги поддржаа протестите . Сепак, водачите на протестот рекоа дека нема да разговараат со владата додека не се исполнат нивните барања.