Летото во вистинска смисла на зборот веќе пристигна во нашата земја, и температурите веќе се искачија над 40тиот степен, поради тоа секој еден однас спасот го бара во водата, базените, езерата или морињата, но тешко е доколку сеуште не сте го започнале летниот одмор и морате да останете на жешкиот асфалт во градовите.
Доколку се пронајдовте во горе напишаното, имаме едно интересно решение доколку живеете во куќа. Еден од омилените начини секако дека е сопствен базен поставен во дворот, но базен кој ќе биде доволно голем за во него да може да ужива целото семејство. Знаеме дека не секој може да си дозволи базен како во филмовите, бидејќи чинат илјадници евра, но сепак постојат и поевтини варијанти кои верувале или не можете да ги изработите и самите.
За среќа, на интернет може да пронајдеме многу идеи како да искористиме стари материјали кои веќе ги имаме во нашите домови и сами да си направиме базен кој ќе биде доволно голем за во него да може да ужива целото семејство.
Што сè од материјал е потребно и како изгледа градењето на овој „направи сам“ проект, погледнете во видеото во продолжение. Засукајте ги ракавите и направете си сами базен во кој ќе уживате цело летo:
