Ќе се истражува писмото на Бејли, Милошоски до Заев: Ова е дипломатски скандал

За време на пратеничките прашања, премиерот Зоран Заев, беше прашан за писмото на американскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли, кој од судиите побара да не го злоупотребуваат неговото и името на САД во шпекулации за политичко влијание во судските одлуки. Пратеникот Антонио Милошоски, од Заев побара да го расветли случајот и да покрене иницијатива пред Судскиот совет.

Писмото на Бејли треба да нѐ загрижи сите, реплицираше Заев. Ќе го почекам амбасадорот да се врати од САД и по божиќните празници ќе разговарам со него, уверува тој. На министерката за правда ѝ се дадени насоки за да ги истражи наводите во тоа писмо.

Се вчитува...

Поради тоа што албанската опозиција се остава на крај од листата, Сурија Рашиди во знак на револт не постави ниту едно прашање.

„Единствениот начин и форма да успееме да поставиме прашања е да се договориме со колегите од ВМРО-ДПМНЕ да ни отстапат место, бидејќи инаку не може. Ова се коси и со праксата од минатото, кога албанската опозиција беше втора за да постави пратеничко прашање и единствената дилема што ја покренувам е кому му пречи гласот на албанската опозиција?“, изјви Сурија Рашиди – Алијанса за Албанците.

Реагираше собранискиот спикер Џафери, кој рече дека редоследот се прави врз основа на пријавувањето, а промена на листата може да се направи со согласност на опозицијата. На денешната седница, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, уште еднаш покажа загриженост за Албанците, прашувајќи го премиерот Заев, што направиле за Албанците додека СДСМ била на власт, имајќи го предвид фактот дека владејачката партија добила голем број албански гласови? Премиерот Зоран Заев во контра-одговор истакна дека работел исто во сите региони на Македонија и дека Албанците се третираат подеднакво со сите други граѓани во Македонија.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21