Владата на Република Македонија, на денешната 116-та седница ја прифати информацијата за потреба од обезбедување на дополнителни финансиски средства за изградба на железничката пруга до границата со Бугарија.
„На денешната 116-та седница Владата ја прифати информацијата за потребата од обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот Изградба на железничка пруга од Крива Паланка до граница со Република Бугарија. Според информацијата, ќе се обезбедат дополнителни финансиски средства во износ од 345 милиони евра преку Министерството за финансии и Јавното Претпријатие Македонски Железници Инфраструктура.“, информираат од Владата.