Ќе се прави посмртен тест на украдениот мртовец во Струмица, ги имал сите симптоми на Ковид-19

Ирина Сотирова Бухов, директорка на Државниот санитарен и здравстен инспекторат во изјава за „Сител“, најави дека на украдениот мртовец во Струмица ќе му се прави посмртен тест за Ковид-19, бидејќи ги имал сите симптоми на коронавирус.

Се вчитува...

„При првичниот преглед константирано е дека се работи за гојазност, висок притисок, висока гликемија и од првите добиени анализи измерена сатурација 50 отсто , што значи висока суспекција за инфекција со Ковид. Но бидејќи ситуацијата налагала ургентна дијагностичка и терапевтска постапка, екипата пристапила кон истата и немало време за брис – рече Сотирова Бухова на Сител.

Откако пациентот починал во болница, негови најблиски околу 20-тина лица, го изнеле со креветот од болницата, го ставиле во комбе, и заминале во непознат правец, оставајќи го само креветот. Повеќе детали околу случката на следниот ЛИНК.

.

Извор: ТВ21