Македонија

Ќе вработуваме рамковна дијаспора, додека во земјава 500 илјади живеат со 100 денари на ден

Ќе вработуваме рамковна дијаспора, додека во земјава 500 илјади живеат со 100 денари на ден

Државата ќе вработува рамковна дијаспора, додека во земјава 500 илјади живеат со 100 денари на ден.

Овие најави пристигнуват и покрај предупредувањата на статистичарите. Имено, со новиот балансер нерезидентното население исто така ќе е дел од јавната администрација, што значи дека 29,5 отсто или секој трет вработен во јавните институции ќе треба да е Албанец.

Првичниот процент беше 31,54 отсто, а до новиот се дошло откако по барање на Владата од балансерот биле остранети непопишаните.

По прашање на Канал 5 за тоа која е логиката луѓе кои не живеат во Македонија да учествуваат во процентот на вработувањето во јавната администрација, министерот за надворешни работи, Бујар Османи порачал дека параметар за сите политички прашања во државата е вкупното население.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сепак смета дека е време балансерот да се тргне од критериумите за вработување во јавната служба.

Извор: Канал 5

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни