Актерката Кејтлин Тарнер својата прва забележителна улога ја имаше како фаталната Мери Вокер во класиката „Body Heat“, ноар-трилер исполнет со жесток секс.
Овој филм беше објавен во кината пред 40 години, поточно во август 1981 година, а актерката го дочека својот сјај по неколку нискобуџетни проекти.
Филмот го означи и режисерското деби на Лоренс Касдан, а покрај Тарнер глумеше и Вилијам Харт како адвокат од Флорида, кој заговара со неа да го убијат нејзиниот богат сопруг, додека започнуваат интензивна афера.
Актерката по повод јубилејот проговори и за искушенијата зад сцената и други подробности.
„Тоа му беше првпат на Лари Касдан да режира и ова беше малку погрешно: Одлучија првата сцена да биде со целосна голотија. Тоа беше она „кршење на мразот“ и го завршивме. Тоа беше нашето прво снимање! …Да, сѐ уште не мислам дека тоа беше најдобрата идеја“, раскажува Тарнер.
Таа вели дека покрај почетничките грешки, имало и технички препреки.
„Снимавме една фантастична сцена каде што (Харт) е надвор од куќата, го зема столот и го крши прозорецот. Ние бевме, веројатно, меѓу првите користевме стабилна камера (Steadicam), па таа постојано се расипуваше… Така, снимањето продолжуваше цела ноќ, а тензиите само растеа“, се потсеќа Тарнер.
Така и една секс-сцена, прекината „во најголемиот жар“, морале да ја снимаат два дена.
