Кетрин Зита Џонс ќе ја глуми Мортиша во новата серија за семејството Адамс

Популарната стриминг платформа Нетфликс објави дека ќе емитува нова серија за семејството Адамс, а веќе е познато дека актерката Кетрин Зета-Џонс ќе ја игра Мортиса Адамс во оваа продукција, а ликот на нејзиниот сопруг, Гомез Адамс, ќе го игра актерот Луис Гузман.

Серијата се вика „Wednesday“ и ќе има осум епизоди, а заплетот се фокусира на времето кога Среда Адамс, која ќе ја игра Џена Ортега, студирала на академијата „Nevermore“, додека ги истражувала нејзините способности како пророчица.

Тим Бартон ќе го режира ова достигнување.

Инаку, Мортиша Адамс, пред Кетрин Зите Џонс, ја играше актерката Керолин Џонс, Анџелика Хјустон, додека Шарлиз Терон гласот го позајмуваше на овој лик во серијата „Семејството Адамс“