Фарије Мурати, од Зајаз – Кичево, веќе 12 години боледува од тумор во глава. Но, поради лошата финансиска состојба не може да се оперира. Операцијата чини 6 илјади евра, а таа се надева дека хуманите луѓе ќе и помогнат да ги собира потребните средства.
„Имам тумор во глава, еднаш се оперирав, сега треба повторно. Туморот ми го оштети и окото, треба да се оперирам, а операцијата чини 6 илјади евра“, вели Фарије Мурати.
Единствената желба на Фарије е да може да ги врши нејзините обврски како мајка за нејзиниот мал син, но и за сопругот кој боледува од дијабет, холестерол во крвта и болести на нервниот систем.
„Не работи веќе 3 години, цепеше дрва, сега не работи, болен е од дијабет, има холестерол и има проблеми со нервите затоа и не работи. Зема само 4 илјади денари“, вели Фарије Мурати.
Додека Фарије ни раскажува за маките и перипетиите со кои се соочува, нејзиниот сопруг не може да ги држи солзите.
Деновите се многу долги за г-ѓа Фарије, која кога има болки кои не може да ги издржи, лежи на кревет. Кутијата е преполна со лекови. Наутро и навечер таа пие по неколку таблети за да и ја ублажат болката. Пред да излеземе од нејзиниот дом, таа уште еднаш упати апел до сите тие кои имаат можност да и помогнат.
„Ве молам, тие кои имаат можност да ми помогнат да го оперирам окото“, додава Фарије.
Ова семејство, но и малиот Бљенд ги оставивме со надеж дека домаќинката на оваа куќа наскоро ќе оздравее.
071923232
071554586 (Viber)
MK07530280005543421
РЕПОРТЕР: САЛИЈЕ САДИКУ
