Свет

Киев: Намалена казната на руски војник од доживотна на 15 години

Киев: Намалена казната на руски војник од доживотна на 15 години
ruski vojnik

На 23 мај Шишимарин беше осуден на доживотен затвор на првото судење за воени злосторства во Украина од почетокот на руската инвазија, а Апелациониот суд му ја намали казната на 15 години затвор.

Тој на судењето се изјасни за виновен.

Рускиот војник беше прогласен за виновен за убиство на 62-годишен цивил додека служел во руската армија во раните денови од војната.

Шишимарин беше обвинет за убиство со предумисла и заговор.

Апелациониот суд во Киев објави дека судот го отфрлил обвинението за намерен заговор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни