Свет

Киев планира 10 хуманитарни коридори за евакуација на цивили во источна Украина

Киев планира 10 хуманитарни коридори за евакуација на цивили во источна Украина

Украинската Влада ги повика цивилите да ги напуштат областите околу кои се водат борби во источниот дел на земјата и најави 10 хуманитарни коридори.

Граѓаните ќе можат да го напуштат Мариупол, кој е под силен руски оган, со автомобили во правец кон градот Запорожје, објави на Фејсбук вицепремиерката Ирина Верешчук.

Автобусите за Запорожје ќе тргнуваат од Бердјанск, Токмак и Мелитопол.

Понатаму на север, уште пет коридори за бегство водат од регионот Луганск до градот Бахмут. Рутите се објавуваат секој ден.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат дека ја саботираат евакуацијата на цивилното население.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни