Киев признава дека Москва продолжува да се обидува да ја засили својата офанзива на неколку места на фронтот во источна Украина

Генералштабот на украинските вооружени сили денеска соопшти дека руската армија продолжува да се обидува да ја интензивира офанзивата во неколку сектори на фронтот во источна Украина и дека извршила ракетни и воздушни напади врз инфраструктурата на земјата, пренесе АП.

Според Родион Мирошник, портпарол на сепаратистичката Луганска Народна Република, околу 8.000 украински војници веќе се заробени од сепаратистите во Доњецк и Луганск. Според него, бројот на затвореници се зголемува за „стотици“ секој ден. Наводите на Мирошник не можат да бидат потврдени од независен извор, забележа АП.