Свет

Ким Џонг Ун заедно со ќерката ги тестираше пиштолите

Ким Џонг Ун заедно со ќерката ги тестираше пиштолите

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја посети фабриката за муниција, каде што тестираше пиштоли и го надгледуваше производството на огнено оружје, јави државната агенција KCNA.

Фотографиите што ги објави KCNA го прикажуваат Ким како го обиколува погонот заедно со својата ќерка Џу Ае, која учествувала и во вежба за гаѓање со воени претставници.

За време на посетата, Ким повикал на модернизација на производните процеси и проширување на капацитетите на фабриката „на далекувиден начин“, нагласувајќи дека тоа ќе помогне во зголемување на борбената ефикасност на армијата, пренесе Ројтерс.

KCNA потсети дека Ким неодамна го надгледувал и пробното лансирање на стратешка крстосувачка ракета од новоизграден разурнувач.

Јужнокорејската Национална разузнавачка служба (NIS) наведе дека постојат знаци оти Џу Ае веќе учествува во политички прашања, а се шпекулира дека се подготвува за можно идно именување како наследник на чело на државата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни