Кина објави дека потпишала сеопфатен безбедносен договор со Соломонските Острови, во време кога Западот, на чело со САД, е се позагрижен за воените амбиции на Пекинг во Пацификот.
Островската држава во јужниот дел на Пацификот беше погодена од немири кон крајот на 2021 година предизвикани од незадоволството на дел од населението поради зголеменото влијание на Кина, при што продавниците во кинеска сопственост беа запалени и вандализирани во главниот град на архипелагот Хониари.
На барање на владата, Кина е еден од регионалните актери кои распоредија мировници на Соломонските Острови. Пекинг, кој потоа испрати свои полициски инструктори да се борат со немирите, оттогаш се обидува да ја зајакне својата заштитна улога во архипелагот долг 1.500 километри.
Минатиот месец протече нацрт-договор што ја шокираше Австралија. Во него се споменува распоредување на полициски и поморски сили во архипелагот како можност. Канбера и Вашингтон долго време ја споделуваат загриженоста дека Кина би можела да изгради поморска база во Јужниот Пацифик, проширувајќи ја својата поморска моќ надвор од нејзините граници.
