Магазин

Кинеските астронаути произвеле кислород во вселената

Кинеските астронаути произвеле кислород во вселената

Во вселената, каде ресурсите се ограничени, а опстанокот зависи од иновациите, кинеските астронаути направија историски пробив. На вселенската станица Тиангонг, тие успешно произведоа кислород и ракетно гориво користејќи технологија што може да ја промени играта за идните мисии на Месечината и Марс. Овој научен пробив ги потврдува амбициозните цели на Кина во длабоката вселена и носи нова надеж за создавање на самоодржливи системи за живот надвор од Земјата.

Кинеските астронаути во мисијата Шенжу-19 го користеа процесот на вештачка фотосинтеза. Оваа технологија, која ја имитира природната фотосинтеза на растенијата, ја користи сончевата енергија за претворање на јаглерод диоксид и вода во кислород и етилен, клучна компонента на ракетното гориво, пишува магазинот Science.

За разлика од традиционалната електролиза, која бара многу енергија, овој метод работи на собна температура и стандарден притисок, што го прави енергетски поефикасен и погоден за долготрајни вселенски мисии. Експериментите се изведени со помош на специјален уред налик на фиока опремен со полупроводнички катализатори, кои овозможуваат селективно производство на различни супстанции, вклучувајќи метан и мравја киселина.

Ова откритие има потенцијал да ги поддржи идните мисии, вклучително и планираната кинеска лунарна база до 2035 година, и ќе им овозможи на астронаутите да ги произведуваат потребните ресурси директно на Месечината, намалувајќи ја зависноста од Земјата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни