Кинеските вооружени сили изведоа воени вежби во водите околу островот Тајван

Кинеските вооружени сили изведоа воени вежби во водите околу островот Тајван, со цел да упатат сериозно предупредување до САД, пренесоа светските агенции. Веста ја соопшти Ши Ји, портпарол на командата на источната зона на кинеските вооружени сили.

Вежбите опфаќаа патроли и сложени маневри во реален борбен режим со учество на разни видови војници во водите во непосредна близина на Тајван. Ова беше сериозно предупредување во врска со неодамнешните заеднички акции на САД и Тајван, рече портпаролот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното