Свет

Кипар: 90-годишен старец почина од топлотен удар

Кипар: 90-годишен старец почина од топлотен удар

Првата жртва на топлотен удар е забележана на Кипар каде се уште преовладуваат условите за топлотен бран.

Станува збор за 90-годишен маж кој живеел во дом за стари лица .

Настраданиот бил примен во Општата болница во Никозија, каде било констатирано дека се работи за топлотен удар, но, и покрај напорите, тој починал.

Властите на Кипар информираат дека во моментов се хоспитализирани уште две лица, 77 и 78 години , кои имаат слични симптоми, но се истражува дали станува збор за случаи на топлотен удар.

Во секој случај, надлежните ги советуваат граѓаните да бидат повнимателни.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни