„Клик Плус-Одаја“ синоќа го посети селото Батинци, општина Студеничани. Жителите се жалат на недостаток на вода. Велат дека со години им биде давани ветувања за проекти, но досега ништо не е реализирано. Години наназад бараат овој проблем да се реши час поскоро.
-Околу 30-50 куќи во текот на летото имаат вода само 2 часа во текот на 24 часа, потоа нема. Кај што живеам јас има само 2 часа во текот на 3 месеци колку трае летото. Потоа на зима има по малку, бидејќи мнозинството одат на печалба.
-Најмалку 50 куќи во текот на летото немаат вода ниту на лето, ниту на зима. Како изнаоѓаме решение? Некои со бунари. Јас имам два бунари, но кај едниот водата е нечиста. Се обидов со вториот, но и таму водата е иста.
-Оваа вода е поштетна од депонијата „Дрисла“ која е блиску. Јас веќе 6 години, односно само во текот на зимата имам, додека во летниот период воопшто немам. На зима има вода по малку, ние дома таа вода не ја пиеме. Одиме и полниме од Патишка Река.
Градоначалникот на општината, Азем Садику, кој со општината раководи веќе 3 мандати, синоќа вети дека пред изборите на 12-ти април ќе го реши проблемот со водата во селото. Вели дека жителите на Батинци ја попречуваат работата на работниците на ЈП „Водовод и Канализација“ и ги замоли граѓаните да не го прават тоа.
-Над 70% од куќите се приклучени без дозвола, односно без водомер. Така што, проблемот е во тоа. Куќите што се наоѓаат долу и илегално се приклучени, односно без водомер, прават неконтролирана потрошувачка на вода-вели Садику.
Друг проблем на жителите на Батинци, е и канализацијата, која се излева во река. Депонијата „Дрисла“ останува стар проблем за мештаните, но Садику уверува дека општината нема ингеренции да презема мерки за овој проблем.