Во библиотеката во која се чуваат весници од создавањето на независната држава има и книги стари повеќе од четири века.
Една од најстарите книги во фондот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, која ја посети 4ТВ, датира од 1566 година – „Езопови басни“.
Фондот содржи и бројни други ретки и вредни книги од XVI до XIX век.
Дел од старите изданија веќе се дигитализирани, додека останатите се чуваат со посебно внимание поради нивната старост и вредност.
Библиотеката паралелно работи и на дигитализација на македонски автори и изданија, со цел културното наследство да биде достапно и за идните генерации.
Зашто, како што велат од библиотеката, она што нема да го сочуваме денес, утре можеби нема од каде да го прочитаме.