Роднини и пријатели на исчезнатиот Асанов Агуш се веќе на терен во главниот град и го пребаруваат реонот, во координација со медиумски тимови.
Роднини и пријатели од Кочани итно пристигнаа во Скопје и започнаа масовна потрага по нивниот сограѓанин Асанов Агуш, кој под засега неразјаснети околности избегал од комплексот клиники „Мајка Тереза“ (Државна болница) и му се губи секоја трага.
Потрагата, која започна уште во неговото родно Кочани, во моментов е фокусирана низ Скопје. Членовите на семејството во соработка и координација со тимот на „Рома Прес“ веќе ја пребаруваат Железничката станица, по што е најавено дека со акцијата ќе продолжат низ централното градско подрачје и во поширокиот круг околу Државната болница.
Итен апел до граѓаните за помош
Блиските на Асанов се во голем застрашувачки шок и страв за неговата здравствена состојба и безбедност. Тие упатуваат итен апел до јавноста и до сите граѓани на Скопје и Македонија за максимална будност и помош.
Доколку го забележите лицето од фотографијата (Асанов Агуш) или имате каква било информација за неговото движење, семејството моли веднаш да ги известите неговите најблиски или случајот итно да го пријавите во најблиската полициска станица на бројот 192.
Семејството апелира до корисниците на социјалните мрежи масовно да ја споделуваат веста со цел информацијата да стигне до што поголем број луѓе и лицето да биде пронајдено живо и здраво во најбрз можен рок.