Кога на кафе во Приштина без ПЦР тест?! Поделеност меѓу владините министри за отворање на границите

Граѓаните постојано бараат да се отворат границите, а политичарите дебатираат, некои сметаат дека се уште е рано, а други настојуваат со образложение дека епидемиолошката состојба е иста.“, јавува репортерката на ТВ21.

Се вчитува...

И покрај тоа што границите се затворени, многу граѓани се обидуваат да поминат на граничниот премин Блаце. Еден од нив се врати од граничниот премин заедно со своето дете бидејќи немаа ПЦР тест.

Африм Хамити 15 години е професор на Универзитетот во Приштина. Вели дека е многу тешко но бидејќи има двојно државјанство можел да се движи и без ПЦР тест.

-Тешко е особено за нас кои работиме во Косово. На почеток имавме предавања онлајн, но сега толкувањето на правилниците е погрешно. Некогаш се бара и од Македонија да имаме ПЦР тест за да одиме во Косово. Го менаџиравме тоа некако. Јас имам двојно државјанство и полесно ми е. Но, сепак е доста тешко-рече Хамити.

Прашањето за отворање на границите е во фокусот на дискусиите и во владиниот кабинет. Заменик министерот за здравство, Илир Хасани во понеделник на фејсбук напиша дека наскоро ќе пиеме кафе во Приштина без ПЦР тест.

Во врска со ова, пратеникот на СДСМ, Зекири, вчера во емисијата Клик Плус, рече дека Хасани избрзал.

„Јас сметам дека беше забрзана објавата на заменик министерот за здравство дека наскоро ќе пиеме кафе во Приштина. Се случи вчера да оди да пие сам кафе во Приштина, без да ја анализира општо ситуацијата.“, рече Зекири.

Од друга страна, првиот вицепремиер, Артан Груби вели дека држењето на границите затворени не е логично.

„Според мене не е логично границите да останат затворени и побарав тоа прашање да го адресираме. Г. Заев беше за, а беше одлучено во текот на неделава да ја разгледаме можноста околу отворањето на границите.“, вели Груби.

Премиерот рече дека за отворањето на границите треба да бидеме внимателни и од економски, но и здравствен аспект.

Министерот Венко Филипче во Влада информирал за дебатите кои се одвиваат од регионално ниво, со што известил дека сите соседни држави се ЗА отворање на границите.

.

Извор: ТВ21