Кога политиката ја „крои“ правдата… СЈО згаснува, дали истата судбина ќе ја имаат и предметите?

-Ќе ви треба два пара вести за се ова-рече Гордан Кајалџиев.

Ниту два пара вести, ниту месеци преговори помеѓу работните групи, не дадоа точен одговор на прашањето која е целта на новиот закон за Јавно обвинителство и дали предметите на СЈО ќе „преживеат“ откао ќе заминат во рацете на Јавното обвинителство. Јасно е дека СЈО нема повеќе да постои, но дали нивната работа и отворените истраги, предмети, судења, туку така ќе паднат во вода.

Толкувањето од страна на правната фела и политичарите е различно.

Иако се очекуваше приближување на ставовите, сепак последната средба на работните групи донесоа само заострена реторика. Законот за Јавно обвинителство влезе во собраниска процедура, но за пленарна седница и гласање се чека договор помеѓу партиите. Разлики се уште има.

-Разликата е во тоа што пред една недела од денес, би рекол дека имаше поголемо приближување и поголема покажана политичка волја од страна на владејачката коалиција СДСМ-ДУИ за некои методолошки решенија како треба да изгледа концептот на Јавното обвинителство, но пред 3-4 дена се случи пресврт и ретерирање на одредени ставови кои што сметавме дека се приближеним а се однесуваа на изборот на јавниот обвинител за организиран криминал и корупција, што гледаме дека со писмата на притворената рекетарка Катица Јанева станувало збор за добра координација на ниво Влада, Катица Јанева и Јавно обвинителство“, вели Антонио Милошоски.

Но, како ќе биде донесен Закон за јавно обвинителство, кој треба да биде изгласан од страна на пратеници и политичари против кои се води истрага од страна на СЈО.

-Тие пратеници се тие кои што треба да дадат согласност. За жал сега ние имаме пратеници што се обвинети, осомничени, под истрага, но тоа е реалноста. Тие се тие пратеници кои што треба да го гласаат Законот за јавно обвинителство. И тоа е товар на процесот на носење на закон. Но, мора да бидеме свесни на реалноста-вели Дескоска.

Според дел од правниците, реалноста е да згасне СЈО, а причината за такво нешто да биде позната само на политичарите.

-Во дадената ситуација каде што министерката разговара во име на политичка партија за судбината на СЈО со друга политичка партија, нашата улога е многу незгодна да искачаме ние сега како советници на една партија, бидејќи ние немаме контакт со идејите и претставниците на ВМРО. Па, излегуваме како консултанти кои што евентуално би им дале тежина на преставниците на СДСМ кои што преговараат како партиски, а не повеќе како министерство за правда-рече Калајџиев.

Но, новинарите и јавноста бараат појаснување, кое не можат да го добијат.

-Не ви е јасно? Па ни на мене не ми е се јасно. Ама од прилика ми е јасно дека е донесена одлука да згасне СЈО без да видиме која е вистинската причина за тоа.-вели Калајџиев.

Законот за јавно обвинителство би требало да биде готов до 15 септември, а тоа е денот кога и официјално истекува мандатот на Катица Јанева, чие разрешување е во собраниска процедура. Овој закон е од големо значење и за европските аспирации на државата, бидејќи во октомври Брисел треба да се изјасни дали ќе има датум за старт на пристапните преговори или не.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното