Свет

Кои ќе бидат следните санкции на ЕУ против Русија?

Кои ќе бидат следните санкции на ЕУ против Русија?

Новиот пакет санкции на ЕУ против Русија би можел да вклучи ограничувања на цените на нафтата, информатичката технологија и сајбер безбедноста. Ова го објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на свои извори.

Според документот, пакетот санкции ќе вклучува одредби за ограничување на цената на руската нафта, дополнителни списоци на поединци кои се предмет на санкции и мерки насочени кон руската информатичка технологија, сајбер безбедност и софтвер.

Според весникот, порадикалните членки на Европската унија, поточно Полска и балтичките земји, бараат нови остри мерки против Русија. Поточно, тие сакаат повеќе руски банки да бидат исклучени од системот SWIFT и бараат забрана за увоз на дијаманти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни