Кои се комичарите Влатко и Алексеј? Заев не е единствена нивна „жртва“

Ова се двајцата руски комичари Владимир Кузнецов и Алексеј Столаров, на чии измами и наседна премиерот Зоран Заев.

Двајцата станаа познати по објавувањето на аудио-снимки на нивниот налог на Јутјуб, на кои освен разговорот со премиерот Заев, можат да се слушнат и разговори со други светски јавни и политички имиња, како што се Претседателот на Франција, Емануел Макрон, секретарот на НАТО, Јенс Столтенберг, државниот секретар на Британија, Борис Џонсон, првиот човек на Турција, Реџеп Таип Ердоган, украинскиот Претседател, Петро Порошенко, како и премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.

Освен горенаведените имиња, на листата на двајцата комичари фигурираат и Мило Ѓукановиќ, Витали Кличко, и амбасадорката на САД, Ники Хејли.
Двајцата сатиричари, во разговорите со овие лица, се претставувале со  имиња  на високи политички и државни функционери и претседатели на меѓународни организации.

Странските медиуми за двајца комичари пишуваат доста интересен факт. Според нив, психолозите констатирале дека кај Кузнецов и Столаров има недостаток на љубов и не се сфаќаат сериозно од околината. Психолозите уверуваат дека овие лица преку вакви измами се трудат да го потиснат нивниот комплекс на инфериорност и несигурност. Инаку, во Кривичниот законик на Русија, земја од која потекнуваат пранкерите, ваквиот „циркус“ се смета за криминал, но полесен од хулиганизам.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното