Кои се најплатените актери и актерки на денешницата?

На првите 10 места, само три се окупирани од жени.

Филмските ѕвезди заработуваат значително повеќе во последниве години отколку порано, бидејќи многу од нив се префрлија од филмското платно на попопуларните стриминг услуги како Нетфликс и Амазон.

Списанието „Вараети“ неодамна објави листа на најплатени актери на денешницата, на која првото место го зазеде актерот Даниел Крег, а потоа следуваат Двејн Џонсон, Вил Смит и Дензел Вашингтон.

Крег заработи дури 100 милиони долари за двете продолженија на „Knives Out“, благодарение на фактот што Нетфликс ги компензира актерите за профитот што би го добиле доколку нивниот филм беше прикажан исклучиво во кината.

Овој начин на водење бизнис доведе до експоненцијално повисоки припејд плати. Така Двејн Џонсон ќе заработи 30 милиони долари за улогата во филмот „Red One“, кој го купи Амазон студио. Заработката може да се зголеми на 50 милиони долари со надомест.

Дензел Вашингтон и Вил Смит заработија по 40 милиони долари за филмовите „The Little Things“ и „King Richard“, според извори за „Вараети“.

Следува Леонардо Ди Каприо со заработка од 30 милиони долари, а оваа бројка ја постигна и Марк Волберг.

На листата се и три дами – Џенифер Лоренс и Џулија Робертс, кои заработија 25 милиони долари, како и Санда Булок, која заработи 20 милиони долари. Овие бројки ги постигна Рајан Гослинг, како и Крис Хемсворт.