Кои се процедурите за еден автобус да ја напушти државата?

Националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 објасни кои се процедурите за еден автобус да ја напушти државата и дали во конкретниов случај биле запазени сите постапки.

Тој вели дека законот предвидува дека тие возила кои се упатуваат кон странство со патници се должни да добијат лиценца од Министерството за транспорт и врски.

„Царинската управа, царинските службеници се должни да побараат на ваквите возила лиценца, доколку возилото не поседува таква лиценца тие се должни да го сопрат возилото и веднаш да го известат државниот инспекторат. Тие постапуваат и единствено тие се овластени да изречат казна, односно прекршочна пријава против сторителите на вакво кривично дело, односно не му се дозволува на возилото да ја напушти државата“, вели Пивоваров.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното