Овие хороскопски знаци се баксузи во права смисла на зборот.
Прва е Девицата единствената жена во Зодијакот. Таа секогаш дава најдобри совети, а за себе решенија нема и често поради добрината е сама и оставена.
Девиците се управувани од Меркур – планетата на интелектот и комуникацијата. Ако вашиот знак е девица, тогаш сигурно сте многу љубопитни. Секогаш сакате да знаете сè до детали, потоа тоа го анализирате, формирајќи си свое мислење и преценка.
Многу сте слатки и наивни, но вашиот брз ум никогаш не пропушта ниту еден детаљ. Обожавате да анализирате сè! Фактички може да полудите, затоа што никогаш не престанувате да мислите. Одморете го малку вашиот ум решавајќи крстозбор, пишејќи приказна или подредувајќи го вашето биро.
Тука е и Вагата која секогаш се бори со неправдата па наидува на тешки ситуации.
Нежните ваги се управувани од Венера – планетата на убавината и љубовта. Тоа го објаснува нивното нежно зборување и убавото лице. Исто како и биковите, кои се доминирани од Венера и вагите сакаат да бидат заобиколени со уметност, култура, убавина и хармонија.
Ако сте родени во овој знак, тогаш поради влијанието на Венера вие сте љубител на добрата храна и скапите работи. Но, понекогаш таа ваша страст е насочена кон луксузни работи и тоа ве прави многу алчни и големи материјалисти во очите на другите.
Рибите се проклетство сами за себе, постојано депресивни и меланхолични. Тие лесно се откажуваат и често се мачат самите со себе.
Рибите се управувани од две планети – Јупитер и Нептун. Во римската митологија Јупитер е цар на боговите, а Нептун – владетел на морињата. Јупитер исто така управува со стрелец, но додека рибите ја претставуваат женската страна, стрелецот ја претставува машката. Нептун е претставник на сè што е мистично, на соништата, заблудите, фантазијата.
Родените во овој знак се идеалисти и во повеќето случаи нивните желби се нејасни. Симболот на овој знак се две риби, кои пливаат во различна насока. Едната риба ја симболизира реалноста, а другата мечтите. Ако вашиот знак е риби, вие имате силно развиена интуиција и секогаш знаете што се случува околу вас. Еден дел од вас секогаш сака да „исплива“ и да избега од реалноста.



