Утре истекува рокот за поднесување барање од обвинетите за 27 април да бидат опфатени со законот за амнестија. Такво барање до сега во Основен суд поднеле 38 лица. Во врска со настаните од 27 април, 31 лице се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок, а две други за поттикнување, меѓутоа сите имаат право да бараат амнестија.
До сега, се дознава дека амнестија побарале пратеникот Крсто Мукоски, Александар Василевски – Нинџа, Горанче Ангеловски – Ќосето, Горан Ѓошевски, Иван Цветановски, Оливер Радулов, Младен Додевски, браќата Младен и Михајло Додевски, Абдулфета Алими и Захарије Симовски. Меѓутоа до сега не се знае дали екс директорот на БЈП, Митко Чавков, екс вработениот Душко Лазаров како и пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.
Законот за амнестија беше донесен во Собрание на 18 декември, а 5 дена подоцна беше објавен во Службен Весник.
