Кој е Димитар Ковачевски идниот мандатар и лидер на СДСМ?

Димитар Ковачевски, роден 1974 година во Куманово, е доктор на економски науки, вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Тој е предавач на додипломските, последипломските и докторските студии и автор на голем број научни трудови од областа на економија и менаџмент објавени во меѓународни научни списанија и конференции.  

Работната кариера ја започнува во Македонски телеком АД Скопје како соработник за финансии и координатор за регулирање и хармонизација на контрола на финансии (1998-2005), а потоа напредува на низа менаџерски позиции, директор на управување со маркетинг и продажба (2005-2008),  директор на маркетинг комуникации (2008 -2010), директор на комуникации (2010-2016) и директор на резиденцијална продажба (2016-2017). Бил дел од меѓународниот бренд комитет и меѓународниот комитет за комуникации на Дојче Телеком (2008-2016). Потоа станува Извршен директор на оне.Вип Македонија, А1 Македонија, дел од Телеком Австрија Групацијата (2017-2018). Дел е од воспоставувањето високотехнолошка старт ап компанија за производство и развој на елементи за производство на електрична енергија од обновливи извори (2018-2020). Во текот на професионалната кариера работи на низа корпоративни проекти за интеграција на деловни процеси заради зголемување на ефикасноста и профитабилноста на компаниите. Дел е од проектните тимови за имплементирање на SAP интегриран систем за управување со материјалното и финансиско работење и CRM интегриран систем за управување со клиенти.

Средното образование го започнува во гимназијата “Гоце Делчев„ во Куманово, а го завршува во Вотервил Елизиан Мористаун Гимназијата во Минесота, САД. Во 1998 година дипломира на Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Економски Факултет, а на истиот факултет магистрира во 2003 година. Докторските студии по економија ги завршува на Економскиот факултет на Универзитетот Црна Гора во 2008 година каде се стекнува со титулата доктор на економски науки.

Стручно усовршување поминува на Школата за Бизнис при Харвард Универзитетот во 2011 година, Европскиот претприeмнички колоквиум на Техничкиот Универзитет во Минхен каде стана ЕФЕР ЕЕЦ алумни во 2015 година, Ротердам Школото за Менаџмент при Еразмус Универзитетот во Холандија во 2016 година и  ЕАДА Бизнис Школото во Барселона, Шпанија во 2017 година.

Зборува течно англиски јазик, се служи со германски јазик и користи низа интегрирани информациони системи.

Академската кариера ја започнува како насловен доцент на Њу Јорк Универзитетот во Скопје (2009-2012), а ја продолжува како доцент на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (2012-2018). Во 2018 година е избран за вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Дел е од низа меѓународни и домашни проекти меѓу кои се Проектот Интернационализација преку онлајн микро мастерс и виртуелна мобилност спроведен од Витаутас Магнус Универзитетот Литванија, ДОБА Бизнис Школо Словенија, Истанбул Универзитет Турција и ИКС Скопје  (2020), Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) и СБ, Подпроект: Капацитет и иновации на туристички услуги за одржлив локален економски раст во Северна Македонија спроведен од Фајнанс Тинк и Институт за економски истражувања и политики Скопје (2019), Проектот за зголемување на конкурентноста на мали и средни претпријатија во Република Северна Македонија, спроведен од Институт за економски истражувања и политики Скопје (2019) и Проектот е-ПРОФМАН, Програма за професионален развој за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации спроведен од ДОБА Бизнис Школо Словенија, Истанбул Универзитет Турција и ИКС Скопје (2016-2017).

Во 2020 година беше дел од Економскиот Советот на Владата на Република Северна Македонија за справување со економски последици предизвикани од пандемијата од вирусот COVID-19

Поврзани вести

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Македонија изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на КОВИД-19:

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по...

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика во делот на движење на цените во трговијата на мало...

Најважното

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299...

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика...

Експерт: Заштитните огради на автопатот Струма во реонот на несреќата се инженерски дефект

„Автобусот кој излета на автопатот Струма се заглави меѓу двете заштитни огради, кои не ја изгаснаа кинетичката енергија. Ова е инженер за целосен...