Контрадикторни изјави меѓу претседателот на локалната заедница, Сабри Бафтијари и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, за тоа кој дал позитивно мислење за доделување на концесија за каменолом во близина на село Чегране.
Позитивното мислење дадено од општина Гостивар во ноември 2018, кое се повикува на волјата на граѓаните од Чегране, Претседателот на локалната заедница вели дека тоа мислење не е негово туку на општината.
ТВ21: Вие велите дека некој во општина ги фалсификувал документите?
Бафтијари: Тие кои фалсификувале се одговорни за ова.
ТВ21:Вие јавно велите дека како претседател на локалната заедница не сте доставиле потписи во општината?
Бафтијари: Јас сум претседателот на локалната заедница. Испратив потписи против каменоломот, а не за да се им се издаде дозвола, туку спротивното.
Бафтијари настојува дека никогаш не испратил позитивно мислење во општина, барем не писмено, но според тоа што го вели градоначалникот Таравари, излегува дека позитивно мислење дале само усно со надеж дека ќе се изнајде заеднички јазик меѓу инвеститорот и жителите.
ТВ21: Вие до Министерството за економија сте испратиле мислење, не одлука, позитивно мислење, основано на што?
Таравари: Врз основа на разговорите со Локалната заедница дека има простор за преговори со инвеститорот.
ТВ21:Значи Вие признавате јавно дека ниту еден жител не ви кажал „ДА’’?
Таравари: Не ни кажале „Да“, ни рекоа дека можат да седнат и да разговараат со инвеститорот.
ТВ21: Како градоначалнику сте процесирале документи во името на граѓаните кога никој не Ви кажал „ДА“?
Таравари: Од Локалната заедница ми рекоа дека можат да преговараат, да седнеме и да разговараме со инвеститорот.
Документот за кој зборува Таравари, е допис од 02.10.2018, со потпис од претседателот на локалната заедница, каде пишува дека не дава согласност но сепак остава простор дека може да се даде согласност доколку се исполнат неколку барани услови.
„Меѓу другото, условите кои ние ги бараме за да не бидат оштетени жителите на село Чегране според мене тоа е малку проблематично бидејќи се потребни неколку услови. Доколку одговорот е НЕ, тогаш одговорот е НЕ, а НЕ со услови.“, вели Селајдин Абдули од Иницијатива „Отпор“.
А другиот член од иницијативата „Отпор“ тврди дека никој не ги прашал жителите ниту за ДА ниту за НЕ.
„Петиција против „Бетон груп“ немаше. Доколку имало негативно мислење за каменоломот, за „Бетон груп“ ние немавме сознанија. И за таа негативна одлука требало да се прашаат жителите бидејќи можеби ние сите имавме позитивно мислење“, рече Арбен Исеини од Иницијатива „Отпор“.
Жителите од Чегране веќе не ги интересира кој е виновен, туку бараат каменоломот да не стартува со работа во планината во близина на селото. И градоначалникот на општина Гостивар и Министерот за економија им ветија дека нема да дозволат компанијата да почне со работа. Доколку оваа прашање не се реши преку институционален пат, жителите велат дека се подготвени за протести.