Кој стои зад киднапирањето на Кајмакоски? Сомнежи за нарачател од неговото опкружување!

Повеќе од еден месец по киднапирањето на познатиот пејач Даниел Кајмакоски, случајот сѐ уште ја вознемирува јавноста, а новите информации од истрагата отвораат дополнителни сомнежи за позадината на настанот.

Иако осомничените сторители сѐ уште не се пронајдени, според информации објавени од српските медиуми, постојат индиции дека киднапирањето можеби било нарачано од лице кое му е познато на пејачот.

Адвокатот на Кајмакоски, Бранислав Станишиќ, изјави дека неговиот правен тим има сериозни сомнежи кои веќе ги споделиле со истражните органи.

„Имаме сомнежи поврзани со луѓе кои Даниел ги познава и со кои имал контакти во минатото“, посочи Станишиќ.

Тој додаде дека непосредните извршители на киднапирањето најверојатно биле ангажирани за ова дело, при што, според нивните проценки, станува збор за странски државјани.

Според описите, изгледот и јазикот што го користеле укажуваат дека осомничените можеби потекнуваат од Турција, Македонија или од Виена, каде што пејачот живеел повеќе од две децении.

Истрагата продолжува, а јавноста очекува одговори за мотивите и нарачателите на овој случај кој предизвика големо внимание во регионот.